Искра и Владимир Лековски добитници на Годишната награда за архитектонско дело, за проектот Св. Цар Константин и царица Елена

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 на авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.

„Архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење.

За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „ Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста.

Наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти,“ велат од Кабинет на претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе или помалку познати факти за изградбата на Св.Цар Константин и Елена, храм кој што ќе биде осветен утре

(Фото) Како изгледа храмот „Св. цар Константин и царица Елена“, кој што ќе биде осветен

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести