Жичницата на Водно нема да работи поради силен ветер, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците,“ се вели во соопштението.
Фото: ЈСП














