За новогодишната ноќ сепак без снег, со минусни температури и ветер

Прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за следните денови, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ е дека времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести