Да помогнеме: Малиот Никодим е опериран од тумор на мозокот, секоја недела ќе треба да прима хемотерапија која семејството годишно ќе го чини 90.000 евра

На 18.12.2025 година, Никодим ја помина една од најтешките битки во својот мал живот.

„Операцијата беше успешно изведена, а професорот со надеж и задоволство ни соопшти дека се отстранети 80% од туморот. Тоа е голем чекор напред, но борбата сè уште не е завршена.

Преостанатите 20% значат дека Никодим мора да прима хемотерапија секоја недела, во период од една цела година.

Оваа терапија е неговата шанса за живот, за детство без болка и за иднина каква што секое дете заслужува.

Месечно, терапијата чини 7.500 евра, односно 90.000 евра за една година – сума која како родители не можеме сами да ја обезбедиме.

Но едно знаеме сигурно: не смееме и нема да го оставиме нашето дете без лекување.

Затоа, со солзи во очите и надеж во срцето, ве молиме да застанете покрај Никодим и да нe поддржите во овој долг и тежок пат.

Секоја поддршка, секоја помош и секоја споделена порака значат живот, надеж и уште еден чекор поблиску до неговото оздравување.

Никодим сака да живее. Помогнете му да победи,“ се вели во апелот на неговото семејство.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut: на линкот ОВДЕ.

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести