(Галерија) Реновирана Клиниката за гинекологија и акушерство, еве како изгледа

Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се реновирани повеќе простории, за што се потрошени над 34 милиони денари.

Од вкупната површина на Клиниката, се реновирани 2.000 метри квадратни, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел со амбуланти, HPV лабораторијата, биохемиската лабораторија, како и амбулантата за итни случаи.

Клиниката има и нова настрешница од 420 метри квадратни на платото на Клиниката.

Инвестицијата е реализирана целосно со средства на самата Клиника.

Во Клиниката досега се вложени 110 милиони денари.

Фото: МЗ/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести