На денешното рочиште за трагедијата во Кочани се случи инцидент откако обвинетиот градежен инспектор Огњан Ѓорѓиев ја праша Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова, која беше една од денешните сведоци, дали негогаш него го видела во „Пулс“.
Таа одговор дека не, на што тој и укажа дека не треба да генерализира, по што гласно со закани и пцости реагираа други родители на загинати, на што па тој рече и дека и тие треба да се на обвинителна клупа затоа што ги пуштиле малолетни да одат во т.н. дискотека.
По оваа еден од родителите му се закани на инспекторот дека ќе го убие кога ќе го види на пешачки во Кочани.
Судијката Диана Груевска Илиевска побара да регира судската и редовната полиција и да ги смират родителите.
Нападите кон инспекторот продолжија и по завршувањето на рочиштето.
Судењето продолжува на 14. јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














