22-годишен турски државјанин е убиен во скопската Стара чаршија, еден од напаѓачите е во бегство

Турски државјанин на возраст од 22 години синоќа е убиен со нож во старата Скопска чаршија.

Станува збор за А.М.Д..

Пред да биде убиен, како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, во угостителски објект во чаршијата после еден часот по полноќ, настанала тепачка, при која со нож е повредено уште едно лице од Турција, Ч.Е. (23) од Турција, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Еден од напаѓачите е во бегство.

Убиството денеска го потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека сите лица вклучени во инцидентот биле странски државјани.

„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар предмет.

Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, рече Тошковски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести