Бурна новогодишна ноќ: Повреди со пиротехника, пад од висина, физичко насилство, алкохолизирани лица меѓу кои и деца

За време на новогодишната ноќ, лекарите имале полни раце работа, поради различни инциденти.

Се случиле и три сообраќајни несреќи. Во една од нив имало тешко повредена 17-годишна девојка, која била оперирана.

20 лица биле повредени од пиротехнички средства, помеѓу кои деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж.

Од осум случаи на физичко насилство, шестмина биле со телесни повреди и по укажана медицинска помош, биле пуштени на домашно лекување. Кај едно лице имало убодна рана од нож.

31 пациент имало на Клиниката за токсикологија од кои 13 биле деца, а најмладото имало само 14 години.

30-годишен маж се наоѓа во животозагрозувачка состојба откако бил пронајден кај Буњаковец во Скопје по пад од висина, по што му било извршена операција на ’рбетниот столб, а 16-годишно момче во Штип е пренесено на Неврохирургија, исто така по пад од висина.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести