Најмалку 40 лица загинаа, додека 115 лица се повредени во експлозија и пожар што избувнаа во барот „Констелејшн“ во луксузниот ски-центар Кран-Монтана во Швајцарија, за време на прославата на новогодишната ноќ.
Властите ги истражуваат причините за несреќата, а една од нив е дека се запалила соба, што потоа довело до експлозија.
Постојат сомневања дека отворањата на шишињата со шампањ со огнени прскалки се можна причина за настанатиот пожар.
Според информациите, најголем дел од загинатите и повредените се млади лица на возраст околу 18 години од Швајцарија, Англија, Холандија.
Помеѓу исчезнатите е и Македонецот, Стивен Ивановски чие што семејство бара каква било информација. Во апелот за помош се оставени и телефонски броеви за контакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Unsplash














