Денеска посебен сообраќаен режим низ Скопје, еве кои улици ќе бидат затворени

Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на Град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по улицата „Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на Град Скопје, потоа на улицата „Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести