Дури пет години немало никаква инспекција во барот „Ла Констеласион“ во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, кој се запали за време на новогодишната ноќ, а во пожарот загинаа над 40 лица, меѓу кои и Македонец, а беа повредени над 100.
Информацијата ја соопшти градоначалникот на градот, Николас Феро.
Инспекции за противпожарна безбедност немало во периодот од 2020 до 2025 година.
Тој немаше одговор на прашањето зошто барот кој бил реновиран во 2015 година, не бил проверуван годишно, како што е пропишано со градските статути, но истакна дека тим од петмина службеници за безбедност биле одговорни за проверка на повеќе од 10.000 згради.
Феро рече дека тој и неговите колеги советници нема да поднесат оставка оти биле избрани од народот на Кран Монтана и дека немало да „скокнат од бродот сега“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од менаџерите на барот во Кран-Монтана кој се запали бил во затвор за измама и киднапирање
И Македонецот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран Монтана
Вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана, кој потсетува на тој во Кочани
Фото: Унсплеш













