Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта, евакуација во спортска сала и поплавија подруми

Обилните врнежи од дожд изминативе 24 часа низ земјава предизвикаа одрони, поплави и свлечишта.

Според последните информациит од Центарот за управување со кризи (ЦУК) има одрони на пат Гостивар-Стража, но сообраќајот се одвива редовно, а поради одроните на патот Тетово-Бањиче, сообраќајот е отежнат.

Поради излевањето на неколку реки, поплавени се земјоделски парцели неколку дворови, а намалено е производство на ХЕЦ Маврово.

Во Охрид има поплавени подруми, гаражи и дворови.

Во Кичево се поплавени станбени објекти на улицата Прилепска и биле евакуирани 60 лица во спортската сала “Христо Узунов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани граѓани во Кичево поради поплави, слична состојбата и во Охрид

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести