Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 455.536.1 милион денари и бележи пораст од 2.58% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2025 година, пак изнесува 647.342.2 милиони денари, што е за 3.88% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7% во вкупниот обем на размената.
Земјите членки на Европската унија учествуваат со 59.3% во вкупната размена.
Фото: еМагазин













