Министерот за транспорт Александар Николоски направил увид на превоите Стража и Пресека и уверува дека сите патишта низ земјава се проодни и дека снегот редовно се чистел од „Македонија пат“.
„Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од “Македонија пат“, кои даваат сè од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата.
Повикувам внимателно да се вози и возачите да се прилагодат на условите на патиштата,“ порачува Николоски.
Фото: Министерство за транспорт












