Пратениците лани зеле 14,3 милиони денари за патни трошоци, најмногу зел пратеникот Кире Божиновски

Македонските пратеници лани зеле 14.369.470 денари за патни трошоци, објави infomax.mk.

Најмногу пари зел пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Божиновски, 637.233 денари, по него е уште еден пратеник на партијата, Петар Ристески, со 602.187 денари, а трет е Јован Митрески од СДСМ, со 464.150 денари.

Во првите десет се и Јулија Тушевска (ВМРО-ДПМНЕ), 446.854 денари, Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ), 426.640 денари, Беким Ќоку (Алијанса за Албанците), 418.281 денари, Драгана Арсова (ВМРО-ДПМНЕ), 382.285 денари, Петар Марков (ВМРО-ДПМНЕ), 381.829 денари, Никола Коњановски (Социјалистичка партија на Македонија), 373.415 денари и Миле Талевски (СДСМ), 372.254 денари.

Целата сторија ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести