Оне Македонија пред неколку денови од страна на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) беше избрана за трет мобилен оператор.
Таа беше единствената компанија која се пријави на тендерот.
За изборот денеска се огласија од Оне Македонија, од каде потсетија дека компанијата има склучено прелиминарен договор со Ериксон за стратешка соработка во планирањето, дизајнот и имплементацијата на новата мрежа, и споделија детали за нивните планови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор
-Поставувањето на 5G мрежата и почетокот на комерцијалните услуги се планирани за крајот на март 2027 година, со долгорочна развојна мапа која предвидува целосна покриеност на урбаните средини и транспортните коридори до 2030 година, како и национален пристап до брз интернет до 2032 година.
Проектот има за цел да обезбеди брза, сигурна и безбедна мобилна поврзаност која ќе одговори на потребите на граѓаните, институциите и бизнисите, при целосна усогласеност со европските стандарди и вредности.
Новата мрежа ќе биде дизајнирана како стабилна, безбедна и идно ориентирана дигитална инфраструктура што ќе поддржи иновации и долгорочен економски раст.
Како дел од 4iG Групацијата, една од водечките технолошки и телекомуникациски компании во регионот на Централна и Источна Европа, Оне Македонија ќе придонесе кон зајакнување на дигиталниот екосистем на Северна Македонија и забрзување на технолошкиот развој на земјата. 4iG Групацијата веќе работи под брендот Оне низ Западен Балкан, нудејќи фиксни и мобилни услуги во Албанија и обезбедувајќи мобилни услуги во Црна Гора, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се услови треба да ги исполни Оне Македонија телекомуникации, кој стана трет мобилен оператор
Фото: Унсплеш












