САД има интерес за Гренланд, Русија за Арктикот

Откако САД отворено порача дека мора да го поседува најголемиот остров во светот, Гренланд, дел од Кралството Данска, заради своја национална безбедност, Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот.

– Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат без одговор и ќе имаат многу далекусежни последици, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска, Норвешка, Германија и Франција праќаат војници на Гренланд

Таа ја критикуваше и одлуката на Норвешка, Шведска, Франција и Германија да испратат свои војници на Гренланд, нарекувајќи ја „следна провокација од западните земји кои исто така сакаат да го наметнат својот ред во овој регион на светот“, посочувајќи дека европските држави треба да бидат свесни дека ова ја загрозува безбедноста на Русија како рамноправна арктичка приморска или крајбрежна држава.

Русија, со својата долга северна крајбрежна линија на Северниот Леден Океан, го смета Арктикот за своја сфера на интерес. Таа сè повеќе ги користи морските патишта во регионот и го проширува своето воено присуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Како Гренланд стана дел од Данска

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Фото: Руско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести