30-дневен притвор за 8 лица, осомничени во истрагата за финансиски криминал во УЈП

Осум лица кои се осомничени во истрагата за финаниски криминал во Управата за јавни приходи (УЈП) добија притвор од по 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20 лица го оштетиле државниот буџет за 4,8 милиони евра: Осомничени Србин, сопственици и управители на фирми и вработени во УЈП

Како што велат од Судот прифатено е барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото.

Две лица од осомничените се веќе во притвор за предметот поврзан со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и рурален развој.

Со истрагата се опфатени 20 лица, а според Обвинителството тие го оштетиле државниот буџет за 4,8 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести