Секојдневно се зголемува бројот на земји од НАТО кои ќе испратат или веќе испратија војници на Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, која е членка на Алијансата.
И Словенија ќе прати двајца војници за меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“ на Гренланд, која ќе трае една година.
Ваква одлука донесе Владата на Словенија, пренесуваат тамошните медиуми.
Данска веќе го зајакнува своето присуство на островот, кој САД сака да го преземе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови царини за земјите кои не го подржуваат преземањето на Гренланд од страна на САД, најави Трамп
САД не се откажува од таа намера и по пристигнувањето на војници од неколку земји на Гренланд, а американскиот претседател Доналд Трамп дури и најави нови царини за земјите кои нема да застанат на страната на неговата земја по оваа прашање.
На Гренланд војници за оваа вежба испратија или планираат да испратат Норвешка, Шведска, Финска, Германија, Франција, Канада, Велика Британија…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е ставот на Македонија за Гренланд, кој САД сака да го преземе
Ставот на Македонија, која е исто така членка на НАТО засега е нејасен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?
Како Гренланд стана дел од Данска
Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД
Фото: Унсплеш













