На една година пред истекот на мандатот, претседателот на Бугарија, Румен Радев, поднесе оставка.
До изборот на нов претседател, земјата ќе ја води потпретседателката Илијана Јотова.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, тој најверојатно ќе формира нова партија, која ќе учествува на предвремените парламентарни избори.
Оваа беше негов втор мандат како претседател. Тој ќе мора да поднесе барање до Уставниот суд за предвремено прекинување на неговиот мандат.
Предвремените парламентарни избори треба да се одржат кон крајот на март или најдоцна почетокот на април.
Фото: Кабинет на претседателката













