Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува облачно време со повремени локални врнежи од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Фото: Unsplash














