Премиер Христијан Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ја преставува Македонија: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос
Истиот се одржа од 19 до 23. јануари, а на него присуствуваа 3.000 учесници од 130 земји, од кои околу 400 беа високи политички функционери, вклучувајќи околу 65 шефови на држави и влади, како и 850 извршни директори и претседатели на водечки глобални компании.
Со кој се сретна Мицкоски
За престојот во Давос, Мицкоски информираше и на неговиот Фејсбук профил.
Таму информираше за средба со Гелерт Золтан Јашај, сопственикот на унгарската групација „Фор-ај-џи“ (4iG), сопственикот на третиот мобилен оператор во Македонија, “Оне Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фор-ај-џи, сопственикот на Оне Македонија телекомуникации, ќе инвестира 100 милиони евра

Имаше билатерална средба со Борјана Кришто, претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Според информациите споделени на Фејсбук тој учествувал и на неколку панели, на кои меѓу друго преставил енергетски проекти од Македонија, меѓу кои и Бошков Мост и Чебрен и Галиште.

Сподели и дека на панел за енергетика, бил заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт.

Информираше и за “средби со голем број на мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија“, на кои биле претставени можностите за инвестиции во Македонија, без повеќе детали.
На последното видео кое го сподели од Давос, кое е пресек, меѓу друго е во друштво и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, косовскиот премиер Албин Курти, како и амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој освен Мицкоски е во Давос
Фото/видео: Влада/Мицкоски/Фејсбук














