Македонските транспортери вечерва се повлекуваат од блокадите на граничните премини

Македонските транспортери од вечерва во 20 часот се повлекуваат од блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини.

Заедно со колегите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, тие, заклучно со денеска, четри денови го блокираа товарниот сообраќај поради правилата за влез и излез во Шенген зоната, бараќи да ги третираат како професионалци, а не како туристи и мигранти, за да можат повеќе да престојуваат службено во Зоната.

Одлуката која следи, откако од Европската унија информираа дека ќе се донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на нивните проблеми, ја потврдија и од Aсоцијацијата “Макам-транс“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел ги прифатил возачите како професионалци, на повидок решение за македонските превозници преку нова Стратегија на ЕУ

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести