Како работела лани Алта банка Битола

Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола) лани остварила добивка по оданочување од 40,6 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Претходната година Банката имаше добивка од 163,17 милиони денари.

Нето приходите од камата се пониски за 102,70 милиони денари, или за 22,20% во однос на истиот период од претходната година.

-Исто така, ваквото движење се рефлектираше врз нето-приходите од провизии и надоместоци, кои годишно се пониски за 31,80 милиони денари, односно 33,17%, што главно се должи на намалените приходи, но и на зголемените расходи за провизии и надоместоци на добавувачите на услуги на Банката.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 19,57 милиони денари и се речиси идентични споредено со истите од минатата година.

Останатите приходи од дејност годишно се повисоки за 1,42 милиони денари, односно 5,15% во однос на истиот период од минатата година како резултат на повеќе остварени приходи од дивиденди, велат од таму.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 19,40 милиони денари, што претставува значително подобро остварување од истиот период во 2024 година, кога беше негативна во износ од 21,14 милиони денари, велат од таму.

-Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа изнесува 20,53 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат намалување од 5,35 милиони денари, односно за 2,82% споредено со претходната година, во услови на намален број вработени и раст на продуктивноста на вработените.

Oстанатите расходи од дејноста се повисоки за 7,02 милиони денари, односно 3,91%, додека амортизацијата е повисока за 5,95 милиони денари, односно 11%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка ќе добие нов Надзорен одбор

Државата веќе нема акции во Алта банка Битола, продадени акциите на Мијалков

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести