Кочани до 16. март, кога се обележува една година од трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“, треба да добие спомен-обележје “Патека на бесконечноста за 63 ангели“.
Истото ќе се гради во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“ во Кочани.


Исто ќе се гради по иницијатива на здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, кои пред извесно време презентираа и визелно како ќе изгледа спомен-обележјето, но тоа не е конечната верзија.
Предлогот е усвен во Советот на Општина Кочани.
Фото: Игор Бансколиев/„16 март 2025 Кочани“













