Од утре во Скопје, Куманово, Тетово и на автопатите по коридорите 8 и 10 ќе се казнува со електронскиот систем за прекршоци “Безбеден град“.
Првично ќе се казнува за неколку прекршоци, а граѓаните ќе ги добиваат казните на СМС и мејл.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Системот во целата држава треба да стартува со работа до средината на годината.
Изминативе денови Министерството за внатрешни работи правеше тестирање на системот во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид.
Од таму ги повикаа и граѓаните да ги ажуираат своите податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воведувањето на овој систем предизвика различни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Што ќе се казнува
Пречекорување на брзина во населено место
Дозволената брзина во населено место е до 50 километри на час, по исклучок до 70 километри на час со знак.
Ако возите до 10 километри на час над дозволеното казната е 15 евра.
Ако возите од 10 до 30 километри на час над дозволеното казната е 50 евра.
Ако возите од 30 до 50 километри на час над дозволеното казната е 300 вра, плус забрана за управување на возилото од 3 до 12 месеци.
Пречекорување на брзина надвор од населено место
Дозволена брзина – 130 километри на час/автопат, 110 километри на час/пат за моторни возила, 90 километри на час/други патишта.
Ако возите до 30 километри на час над дозволеното казната е 20 евра.
Ако возите од 30 до 50 километри на час над дозволенеото казната е 50 евра.
Ако возите од 50 до 70 километри на час над дозволенто казната е 300 евра плус забрана за управување на возилото од 3 до 12 месеци.
Поминување на црвено
Казната за поминување на црвено е 250 евра, плус забрана за управување на возило од 3 до 12 месеци.
Непрописно запирање и паркирање
За непрописно запирање или паркирање на пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации, казните се од 25, 40, 150 и 180 евра, во зависност од видот и тежината на прекршокот.
Учество во сообраќај со нерегистрирано возило
Казната за возење без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици е 500 евра.
Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, казната е 100 евра.
Ако казната ја платите во рок од осум денови, имате намалување од 50%.
Ако има и забрана за управување се изрекува во половина од пропишаниот рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додека се чека со казнувањето, возачите почнаа да користат апликација за избегнување на прекршоци
Фото: МВР













