(Галерија) Во Скопје конечно ќе се вози по подземната сообраќајница кај „Лимак“: Започнаа градежните активности на булеварот „Македонија“

Во Скопје денеска започнаа градежните активности на булеварот „Македонија“. Проект ги опфаќа влезовите и излезите на подземната сообраќајница што поминува под станбено-деловниот објект „Лимак“, лоциран во центарот на градот.

Градежните работи ќе се одвиваат во четри фази, а првата треба да заврши за 90 дена.

Во првата фаза е предвидено проширување и реконструкција на постојните улици. Ќе се работи на булеварот “Борис Трајковски“ кај Рампа, улицата “11 Октомври“, улицата “Пролет“, и крак од булеварот “Македонија“.

Во оваа фаза е планирано и проширување на улицата “Пролет“ во правец од „Тутунски комбинат“ до полициската станица “Пролет“ со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег ќе биде уредена со пет острови.

На потегот од улицата “Пролет“ кон “Лимак“, како и од “Лимак“ кон булеварот “Борис Трајковски“ ќе се воведе еднонасочен сообраќај.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза од проектот и дека се надева оти до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

Изградбата на првата фаза е во вредност од 1,2 милиони евра. Градежните работи ги изведува фирмата „Ленди груп“ од Скопје.

Со проектот се очекува да се намалат сообраќајните гужви во Скопје за 30%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 1,2 милион евра склучи Град Скопје со „Ленди груп“

Фото: Влада/Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести