Никој освен Панчо не повика да се напушти “Пулс“ по пожарот, кажа Стево Манасиев, кој порано работел таму како диџеј

На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ во Кочани сведочеше и Стево Манасиев, кој порано работел во т.н. дискотека како диџеј.

Тој е еден од повредените, а бил испратен на лекување во Полска. Претходно бил хоспитализиран во Градската болница.

Кобната ноќ бил таму во два наврати, првиот на неколку минути, а подоцна се вратил за концертот на ДНК со пријател, кој бил со синот и внук, кои биле малолетни.

Во објектот вечерта според него имало од 500 до 600 лица.

И тој како и претходни сведоци, потврди дека и порано се користела пиротехника во “Пулс“ и дека истата ја поставувало лице од Скопје, кој не го видел таа вечер.

Во неговото сведочење меѓу друго кажа дека по активирањето на пиротехниката и запалувањето на таванот, прв на сцената реагирал починатиот член на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој на микрофон бил единствениот кој ги повикал гостите да го напуштат објектот, а од времето на активирањето на прскалките до предупредувањето од Панчо, според него, поминале околу пет минути.

Посочи дека присутните не го сфатиле сериозно предупредувањето и повеќето се повлекле кон излезната врата.

Рече дека истото го направил и тој, каде заглавил. Си помислил дека ќе се случи најлошото. Заглавил и неговиот пријател, а децата ги спасил со тоа што ги истуркал напред. Не се сеќава како успеал да го направи тоа, а исто така не се сеќава како се спасил и тој.

Судењето треба да продолжи на 5. февруари, со нови сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од колегите, само јас и Анастасија преживеавме, кажа Дејан Манасиев, шанкер во „Пулс“

Никој не ги упатувал гостите како да ја напуштат “Пулс“ откако настанал пожарот, кажа сведокот Петар Марковски

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести