Поради измените на Законот за сообраќај, вчера имаше протести во ромските маала во Битола, Струмица и Кочани.
Патот А-3, Ресен – Прилеп беше блокиран кај местото викано “Кај Ромите“, од страната на Битола, а граѓаните палеа гуми, дрва и отпад.
Протести имаше и во Струмица во близина на ромското маало, каде што граѓаните исто така палеа гуми ,а истото се случуваше и во Кочани во населбата Трајаново Трло.
Овие граѓани најповеќе се засегнати заради казните предвидени за нерегистрирани возила, возење без таблици и возачки дозволи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога ќе останете без возачка: Сите детали за пакетот закони за безбедност во сообраќајот
Што ќе се казнува и колкави се казните: Од утре ќе се казнува со „Безбеден град„














