Кустосот Бојана Јанева ќе ве прошета низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“ на 7 февруари во МСУ-Скопје, во рамки на настанот „МСУ Водич и Матине“, со почеток во 12ч.
Изложбата „Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се отвори во февруари 2025 година во,Музејот на современа уметност „Метелкова“. Куратори на изложбата се: Бојана Пишкур, Мартина Воук (МГ+ММСУ, Љубљана); Ивана Васева, Благоја Варшанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски (МСУ-Скопје).
Уметничките практики што не потекнуваат од центарот на западниот уметнички систем, туку од неговите маргини – географски, политички и симболични, можат да понудат епистемолошка и естетска рамка преку која ќе се преиспита итноста на нашиот сегашен момент. Кога на овие маргини не се гледа како простори на инфериорност, тие можат да понудат јасна источноевропска перспектива обликувана од искуството на социјализмот, колективните утопии, транзицијата, конфликтот и војната, како и колапсот на идеолошките системи во 1990-тите. Преовладувачките уметнички теми на телото, иронијата, идеологијата, доказите и утопијата, реагираат на овие историски искуства, додека истовремено се занимаваат и со комплексноста на сегашноста.
ЌУметници:Марина Абрамовиќ, Маја Бајевиќ, Гета Братеску, Јозеф Бојс, Ала Георгиева, Томислав Готовац, Јон Григореску, Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич), Власта Делимар, Брацо Димитријевиќ, Оршоја Дроздик, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван,Кожариќ, Катаржина Козира, Александар Косолапов, Андреја Кулунчиќ, Владимир Купијанов, Лајбах, Казимир Малевич, Горанка Матиќ, Алекс Млинарчик, Петре Николоски, Ахмет Огут, ОПА, ОХО, Ирена Паскали, Геза,Пернецки, Душан Перчинков, Марко Погачник, Дмитриј Пригов, Нихо Пушија, Јозеф Робаковски, Дритон Селмани, Недко Солаков, Младен Стилиновиќ, Раша Тодосијевиќ, Ендре Тот, Игор Тошевски, Горан Трбуљак, Симон Узуновски, Стано Филко, Венко Цветков, Виолета Чаповска, Что Делат, Небојша Шериќ- Шоба.
Изложбата вклучува содржина наменета за публика над 18 години. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, музички избор на Нино Наумов, влезница 150ден.
За време на матинето, посетителите ќе може да ги погледнат и останатите тековни изложби во музејот:,
– „Сè што ни е заедничко (Институција која дише)“ ги воведува теоретските и политичките основи на „борбеното дишење“ како критичен метод за дејствување и читање на воздухот како политички медиум во институционалната сфера. Куратори: Мира Гаќина и Јованка Попова,
-„Земјата која се промислува постојано…“ На оваа изложба, седум филозофи од различни делови на светот влегуваат во дијалог со седум уметници со кои почувствувале интензивна резонанца околу прашањата за земјата. Куратор: Рик Долфијн.
-„Допри ја природата“ – изложба која обединува австриски и македонски уметници кои ја истражуваат врската меѓу човекот и природата во ерата на антропоценот. Куратор: Сабин Фелнер.
Фото/МСУ














