На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше пожарникарот Благој Паунов, кој бил дежурен кобната ноќ.
Тој меѓу друго рече дека дојавата за пожарот ја примиле во 2:35 часот, а за пет минути со колега, со првото возило, пристигнале кај објектот. По нив дошле колеги со уште три возила.
Таму веднаш почнале со извлекување на заглавени лица во т.н. дискотека, а приметиле дека имало многу лица на самиот паркинг, од кои и доста паднати. Паднати лица имало и на скалите, а на влезната врата имало и заглавени повеќе лица кои барале помош.
Како што раскажа пожарникарите извлекувањето го правеле заедно со полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца.
-Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат, кажа тој меѓу друго.
Исто така рече дека кога пристигнале кај “Пулс“ виделе само малку чад како излегува од влезната врата и дека не можеле да го видат огнот, подвлекувајќи дека од искуство смета оти огнот бил пригушен поради немање кислород и истиот поради тоа не можел се шири.
Лично тој учестувал во спасување и на лица заглавни во билетарата, тоалетот…, а кога веќе бил изнемоштен побарал замена во спасувањето, и се вклучил во гасењето на пожарот, кој според него бил изгаснат во 4 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














