Wizz Air, една од водечките нискобуџетни авиокомпании во Европа, 2025 година ја заврши со значителен раст, проширена и рефокусирана мрежа, како и континуирани подобрувања во оперативните перформанси, информираат од таму.
Авиокомпанијата додаде нови авиони, отвори стотици нови линии и превезе рекорден број патници, истовремено зајакнувајќи ја точноста и доверливоста низ целата своја мрежа.
„Wizz Air моментално оперира 43 линии до 39 дестинации во 17 земји Македонија. Во 2025 година, авиокомпанијата превезе речиси 2 милиони патници и реализираше над 10.000 летови до и од земјата. Стапката на реализирани летови изнесуваше 99,48%, една од највисоките во индустријата,“ се вели во соопштението.
Фото: ТАВ














