Од грип почина 62-годишен маж од Тетово, четврто лице сезонава

Маж на 62-годишна возраст од Тетово е четвртото починато лице од компликации со грип, сезонава, информираа од Институтот за јавно здравје.

Како што велат од таму тој бил хоспитализиран на Инфективното одделение на Клиничката болница во Тетово, имал коморбидитети и не бил вакцинирано со вакцина против сезонски грип.

Од 26 јануари до 1. февруари во Македонија се пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 12,3% помалку во споредба со претходната недела.

Од нив 866 лица се на возраст од 15 до 64 години, 247 се деца на возраст од 5 до 14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, а 161 се деца на возраст до 4 години.

Највисока инциденца (166,8/100.000) има кај децата на возраст до 4 години.

Најмногу заболени има во Скопје – 473, во Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43 и Велес – 36.

Во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. 

Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести