Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во кординација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), која трае веќе два дена бил одземен медицински канабис од околу 27 тони, неофицијално објавија повеќе медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција на локации во Скопје и Струмица по заплената на марихуаната во Србија
Како што е познато во рамки на акцијата се вршеа претреси во Скопје и струмичко.
Неофицијално 10 тони медицински канабис бил одземен во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
Акцијата следи откако во Србија беа запленети пет тони марихуана, а во акцијата беше уапсен еден од сопствениците на Алфафарм ДОО Скопје, фирма која од 2024 година има одобрение за производство на медицински канабис.
Повеќе официјални информации се очекуваат денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредна контрола во скопска “Алфафарм“, која е поврзана со заплената на 5 тони марихуана во Србија
Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија














