Дали е оваа филмот на годината: Распродадени сите проекции за премиерата на „Свадба“ во Македонија

Од „Синеплекс“ информираа дека за вчерашната премиера на регионалната хит комедија “Свадба„ во Македонија, биле распродадени сите проекции.

Филмот во Хрватска веќе го виделе над 400 илјади гледачи, каде има шанси да стане најгледаниот филм во хрватската историја, а во Србија каде премиерата беше подоцна, над 200 илјади.

Нема дилема филмот ќе руши рекорди и во Македонија.

„Свадба“ е во режија на Игор Шереги.

Станува збор за приказна за две семејства, едното од Хрватска, другото од Србија, и нивните деца кои ќе решат да стапат во брак.

Настапуваат Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, Јелисавета Сека Саблиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести