„Виз ер“ го враќа Wizz Youth Challenge, билет кон иднината на авијацијата

По седум години, Wizz Air го враќа WIZZ Youth Challenge се враќа. Во рамките на ова студентско натпреварување се повикиват храбрите и креативни студенти од универзитетите низ Европа и пошироко да зачекорат на меѓународната сцена и да ја обликуваат иднината на авијацијата.

Студентите на додипломски и магистерски студии, во тимови од 3–4 членови, ќе работат на актуелен стратешки предизвик дизајниран од лидерите на Wizz Air. Учесниците ќе стекнат практично искуство, увид во индустријата и директен контакт со врвните носители на одлуки во една од најдинамичните авиокомпании во Европа.

„Со повторното лансирање на WIZZ Youth Challenge, Wizz Air ги отвора вратите за најталентираните млади умови низ својата мрежа — поврзувајќи ги универзитетите, студентите и авијациската индустрија како никогаш досега,“ велат од компанијата.

Marion Geoffroy, директорка за човечки ресурси во Wizz Air, изјави дека враќањето на ова натпреварување е прослава на младите таленти.

„Сакаме студентите да сонуваат големо и да искусат што значи да се обликува глобален бизнис. Оваа програма е за можности, креативност и давање вистински глас на следната генерација во авијацијата. Let’s WIZZ!“, додава таа.

Најдобрите шест тимови ќе бидат однесени во Будимпешта за големото финале. Најдобрите ќе добијат награди за патување низ Европа и пошироко, ќе имаат реално влијание врз глобалната стратегијата на авиокомпанијата, директна комуникација со раководството на Wizz Air, менторство и експертски повратни информации, меѓународна изложеност и нови пријателства.

  • Краен рок за пријава: 1 март 2026
  • Објавување на студијата на случај: 2 март 2026
  • Краен рок за поднесување: 15 март 2026
  • Онлајн полуфинале: 30 март – 2 април 2026
  • Големо финале во Будимпешта: 6–8 мај 2026

Регистрирацијата е на: wizzyouthchallenge2026.com.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести