Од Македонската берза информираа дека Макошпед АД Скопје е ставен на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
-Внесување на Макошпед на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е во тек постапка за присоединување на друго друштво кон издавачот, информираа од таму.
Како што пишуваше еМагазин, Макошпед транс се присоединува со Макошпед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макошпед транс се присоединува со Макошпед
Реизбрани членовите на Одборот на директори на Макошпед
Макошпед со добивка во третиот квартал














