Централното собрание на Беса, која е дел од владејачката коалиција Вреди, синоќа ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на партијата.
Одлуката, како што информираше лидерот на Беса и градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами е поради започнување на процесот коалицијата Вреди да стане партија.
Од страна на Собранието на Беса, Касами е овластен да продолжи со разговорите за иднината на Вреди.
Во коалицијата Вреди се и Алтернатива и Демократско движење, а за истата да стане партија се зборува подолго време.
Фото: Касами/Фејсбук













