Членката на Антикорупциска, Цвета Ристовска, поднесе оставка

Цвета Ристовска, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), денеска си поднесе неотповиклива оставка и за истата го известила претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.

Оваа следи откако институцијата каде работи отвори два предмети за нејзе.

Во едниот ДКСК требаше да испитува непријавување на имот, бидејќи во анкетниот лист не ги пријавила маркетинг фирмите на нејзините деца, а во другиот судир на интереси, бидејќи фирма на еден од нејзините синови добила пари во кампањата за претседателските избори во 2024 година, имајќи предвид дека токму Антикорупциска го надгледува финансирањето и рекламирањето на изборните кампањи.

Ристовска, во оставката меѓу друго наведува дека одлуката ја донела по неколку неделните јавни полемики и сомнежи поврзани со нејзината работа во Комисијата и посочува дека во текот на целата професионална кариера работела законито, совесно и со најдобра намера.

Таа жали доколку одредени околности или можни административни пропусти довеле до неосновани сомнежи во јавноста, потенцирајќи дека во сите случаи кога постоела можност за судир на интереси, барала изземање, согласно законот.

Додава и дека никогаш немала намера да прикрива информации и дека ги почитувала сите законски обврски.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести