Поради информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата, информираа од таму.
„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, известуваат од таму.
Водата во Струга е загадена веќе петти ден, а директорот на ЈП „Водовод“, Меџијаит Јусуфоски вчера поднесе оставка.
Фото: Unsplash














