Денеска во Минхен, Германија започна 62. Минхенска безбедносна конференција.
На истата ќе учествуваат повеќе од 1.000 делегати од над 115 земји, вклучувајќи и 60 шефови на држави и влади и 100 министри за надворешни работи.
На конференцијата ќе учествуваат и претставници на големи меѓународни организации, меѓу кои и шефовите на ЕУ, НАТО, АСЕАН, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска организација…


Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во која се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Фото: Влада













