Данскиот инвестициски фонд веќе купил 250 станови во Скопје, планира да купи најмалку 1.000, објави Телма

Данскиот инвестициски фонд, кој го спомна неодамна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, веќе купил 250 станови во Скопје, објави телевизијата Телма.

Славески, без да го посочи неговото име, информираше дека Фондот купил 40 станови во главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дански инвестициски фонд купил 40 станови во Скопје

Според Телма станува збор за Ваексткапитал груп, а телевизијата објави од таму соработуваат со неколку локални агенции за недвижности, но и директно со инвеститорите. Данците купувале становите уште при ископани темели за зградите, со што добивале пониска цена од онаа кога ќе бидат готови.

Од Фондот за телевизијата велат дека нивниот интерес за инвестирање во Македонија се должел на позитивните економски изгледи за земјава, но и на атрактивниот пазар за недвижности.

До крајот на годината Фондот планира да купи уште најмалку 250 станови во Скопје, а целта им е да стигнат до најмалку 1.000 станови.

Сепак не одговориле конкретно на прашањето дали истите ги купуваат за да ги продадат подоцна или да ги изнајмат.

Холдингот Вакесткапитал е регистриран во Луксембург и поседува неколку компании во Данска. Тие веќе со години работат во Софија, Бугарија, преку нивната компанија СЕЕ Резиденшал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движи цената на становите во Скопје?

Цената на становите во Охрид пораснала за 27%

Цената на становите во Струмица пораснала за 20%, метар квадратен достигнува и до 1.300 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести