Македонија е за членство во ЕУ, но заслужува достоинствен и принципиелен процес, му кажал Мицкоски на Кошта во Минхен

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој ја предводи македонската делагација на Минхенскиот безбедносен форум, кој се одржува во Минхен, Германија, вчера имал средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Како што информираше на Фејсбук, со него разговарал „отворено и искрено“ за европската перспектива на Македонија.

На средбата јасно, како што пишува, го пренел ставот дека Македонија останува постветена на европскиот пат, но и дека земјата заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

„Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Јасно ја пренесов нашата позиција, Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, напиша за средбата Мицкоски.

Тој навел дека македонската влада работела на суштински реформи, како што се владеење на правото, борбата пртив корупцијата, економската стабилност и подобар животен стандард за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија лобирала да го заобиколи првиот кластер, тврди бугарската претседателка, Бугарија немало да го прифати тоа

(Фото) Кој се е во македонската делегација на Минхенската безбедносна конференција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести