(Фото) Lamia Proof донира итна водена заштита за погодените семејства во Кичево

По поплавите што доведоа до евакуација на над 200 лица и сериозни оштетувања на десетици домови, Lamia Proof излезе на терен со директна донација од 4,2 тони за итна водена заштита за погодените семејства.

„Во Кичево беа испорачани 100 големи апсорбирачки вреќи со капацитет до 25 литри по вреќа (вкупно 2,5 тони апсорпциски капацитет), блокатори за спречување повторно навлегување на вода, 100 комплети со помали апсорбирачки вреќи и специјализирани заштитни вреќи за врати.

Овие средства се наменети за брза интервенција во ситуации каде што водата останува по повлекувањето на цистерните или каде што механизацијата нема пристап.

Во услови на поплава, најголемата штета често настанува во првите часови – кога водата продира во подруми, приземја, ходници и деловни простории. Дури и по интервенција од службите, преостанатата вода продолжува да ја оштетува подната конструкција, ѕидовите, мебелот и електричните инсталации.

Апсорбирачките вреќи овозможуваат контролирано собирање на водата без струја и без механизација, решение што може веднаш да се активира во секој дом,“ велат од Lamia Proof.

Од таму потенцираат дека не смееме да ја третираме поплавата како исклучок, таа е реалност што станува сè почеста.

„Како што секој објект има противпожарен апарат, време е да има и основни средства за водена заштита. Оваа интервенција е повеќе од донација. Ова е повик за системска подготвеност и култура на превенција во услови на сè почести екстремни временски настани,“ велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести