(Видео) Родителите на загинатите во „Пулс“ на нов марш побараа почести рочишта

Родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ на нов марш во Кочани вчера побараа почести рочишта за судскиот процес кој е во тек.

Тие посочија дека на стартот на судењето добиле ветување дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има одложувања од неоправдана причина на рочиштата и дека строго ќе се контролираат лекарските оправдувања.

Тие се сомневаат дека судењето се одолговлекува.

-Во месец јануари се одржа само едно рочиште. Во февруари досега се одржаа две, а до крајот на месецот е закажано уште едно – ако воопшто се одржи. И токму затоа прашуваме: каде е ветената динамика? Каде е најавеното темпо од две рочишта неделно?

Гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави, стануваат ‘болни’ и доставуваат медицинска документација за која ние не знаеме дали е основана или не, рече меѓу друго во своето обраќање Александар Наунов, татко на починатата Надица.

Видео: Радио Кочани/фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести