(Фото) Како мајмунчето Панч од зоолошката во Јапонија и Делфина од скопската, исто така напуштена од мајка и, доби плишана играчка орангутан

Слично како малото мајмунче Панч од Зоолошката Ичикава, во близина на Токио, Јапонија, кое стана светска сензација со плишаната играчка која ја доби откако беше напуштено од неговата мајка, и мајмунката од расата гибон по име Делфина од Зоолошката во Скопје, со слична судбина, од посетителка доби плишана играчка орангутан.

Информацијата ја споделија од скопската Зоолошка, од каде потсетија дека Делфина пред четири години беше отфрлена од мајка и, и падна во едно од езерцата.

По спасувањето таа беше одгледана од нејзината зоонегувателка Зера, која и го посвети целото свое работно, но и слободно време.

-Сега заедно со своето помало братче Мики се адапатираат на самостоен живот, а Скопје ЗОО е една од ретките институции во светот која успеа во намерата да ги спои и адаптира овие две гибончиња, велат од таму.

Фото: Скопје ЗОО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести