Бројот на заболени од грип постојано опаѓа и неделава има за 11,9 проценти помалку заболени во споредба со минатата недела, кога биле пријавени 1.306 заболени, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Оваа недела се евидентирани 1.150 нови случаи.
Најзагрозена категорија се лица на возраст од 15 до 64 години со 621 заболено лице, потоа следуваат деца од 5 до 14 години (229 случаи), деца до 4 години (157 случаи) и лица над 65 години (143 случаи).
Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип достигна 13.871. Најголем дел од случаите биле регистрирани во јануари (9.135 случаи), додека во февруари бројот паднал на 2.456.
Фото: Unsplash













