Картичките за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје може да се дополнат онлајн преку официјална веб страна skopjebus.mk, без чекање, без редици и без одење до продажно место, информираат од таму.
Со новата функционалност се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, а постапката е следна:
– Влезете на skopjebus.mk.
– Изберете „Надополни картичка“.
– Внесете ги потребните податоци за картичката.
– Одберете дали сакате билети или износ (средства).
– Потврдете и завршете ја постапката.
Пробајте ја новата функционалност тука: skopjebus.mk.













