Со сослушување на нови сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство.

За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија…

Сите се изјаснија за невини.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од колегите, само јас и Анастасија преживеавме, кажа Дејан Манасиев, шанкер во „Пулс“

Не можевме да го видиме огнот, беше пригушен поради немање кислород, кажа пожарникар на судењето за „Пулс“

Го гледав како ангел спасител“: Мартин Китанов раскажа како бил спасен во пожарот во „Пулс“ во кој изгубил четворица другари

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести