Од Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Надзорниот одбор на седница на 23.02.2026 година од функцијата член на Управниот одбор – главен извршен директор е разрешен Кире Наумов.
За вршител на должност член на Управниот одбор – главен извршен директор е именувана Ефимија Димовска, член на Надзорниот одбор.













